ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ВЛАДАТА: Венко Филипче на средба со Христијан Мицкоски
03/04/2025 12:10
Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска ќе се сретнат.
Средбата е закажана за во 14 часот во Влада.
На средбата се очекува Филипче да го образложи планот за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на премиерската функција на Мицкоски и преземањето на претседателската позиција во СДСМ од страна на Филипче.






