MKinformer

your daily dose of news

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер споделија Велигденски ручек со социјално загрозените граѓани

21/04/2025 10:07

На најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“ предводена од отец Оливер, организираше и подели Велигденски ручек за граѓаните од социјален ризик.

Настанот се одржа во духот на празникот – со љубов, грижа и благослов, испраќајќи порака за хуманост, солидарност и заедништво.

Христос Воскресе! Велигден е празник над празниците, симбол на победата на животот над смртта, ден на благодарност и радост. Радоста е целосна само кога се споделува, затоа сме тука да подадеме рака на оние на кои најмногу им е потребна – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека неговата лична мисија е да има што повеќе среќни луѓе и повика на добрина, несебичност и љубов кон ближниот:

– Да правиме што повеќе добрини, без да очекуваме нешто за возврат – Бог ќе ни возврати. Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден. Честит Велигден, да сте ми здрави и живи! – порача Ѓорѓиевски.

Велигденскиот ручек беше делен во пријатна, топла атмосфера, исполнета со празничен дух и чувство на заедништво.

error: Содржината е заштитена од копирање !!