Зеленски за најавеното примирје од Путин: Нема потреба да се чека до 8 мај
29/04/2025 8:51
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прекинот на огнот може да започне веднаш, без потреба да се чека 8 мај, како што најави рускиот претседател Владимир Путин.
„Ако постои вистинска волја за мир, примирјето може да започне денес. Зошто да се чека? Секоја изгубена минута значи уште жртви,“ порача Зеленски во своето обраќање.
Руската страна претходно соопшти дека е подготвена за привремен прекин на огнот почнувајќи од 8 мај, во пресрет на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот. Меѓутоа, Киев изразува скепса за искреноста на овој предлог и бара итни и конкретни чекори за намалување на насилствата.
Засега нема официјален одговор од Кремљ на изјавата на Зеленски.




