MKinformer

your daily dose of news

Следете ја Парадата на победата во Москва на 9 мај

08/05/2026 23:32

Парада на победата во Москва: 81 година од победата над фашизмот

Голем настан на Црвениот плоштад

Во сабота, 9 мај, во 9 часот наутро по локално или во 10 часот по Македонско време, на Црвениот плоштад во Москва ќе се одржи традиционалната Парада на победата. Оваа година се одбележува 81-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Каде можете да ја следите парадата?

Настанот ќе може да го следите на линкот кој ќе го објави МК Информер, со симултан превод на Српски јазик,

Ден на сеќавање и почит

Денот на победата 9 мај останува еден од најважните датуми во модерната руска и светска историја. Тој е симбол на сеќавање на победата над фашизмот и на жртвите дадени за слободата на Европа.

Големата патриотска војна, најкрвавиот конфликт во историјата

Големата патриотска војна траеше од 1941 до 1945 година и беше најголемиот и најкрвавиот конфликт во историјата на човештвото.

  • Фронтот се протегаше илјадници километри, од Баренцовото Море до Црното Море

  • Во различни периоди се бореа помеѓу осум и тринаесет милиони луѓе

  • Учествуваше огромна количина воена опрема, артилерија и авијација

Клучните битки и конечната победа

Нацистичка Германија планираше брз пораз на Советскиот Сојуз и освојување на Москва, Ленинград и индустриските региони. Меѓутоа, советските сили успеаја да ја сопрат германската офанзива.

Потоа, заедно со сојузниците од антихитлеровската коалиција, го ослободија Балканот и Европа и доведоа до конечен колапс на нацистичка Германија и нејзините сојузници фашистичка Италија, Бугарија и Албанија.

Цената на победата

Победата беше платена со огромна цена:

  • Околу 27 милиони луѓе загуби Советскиот Сојуз и околу 1,7 милони луѓе од Балканските земји во тогашна Федеративна Народна Република Југославија

  • Илјадници градови и села беа уништени

Актот за безусловно предавање на Германија беше потпишан на 8 мај 1945 година во предградието на Берлин. Во Москва веќе беше 9 мај, датум кој засекогаш остана симбол на победата и сеќавањето.

Како Русија го одбележува Денот на победата денес?

Денес, прославата вклучува:

  • Воена парада на Црвениот плоштад

  • Минута молчење

  • Положување венци на спомениците на загинатите

  • Акцијата „Бесмртниот полк“, граѓаните носат фотографии од своите предци кои учествувале во војната

Оваа традиција стана еден од најпрепознатливите симболи за зачувување на историското сеќавање низ цела Русија, а до скоро и во Европа, која 9 мај го прогласи за ден на Европа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!