MKinformer

your daily dose of news

ПРИСТИГНА ПРЕСУДАТА ЗА „ФЕРГЕЈТ“, Урсула Фон Дер Лајен ќе мора да ги сноси последици

14/05/2025 11:22

Европската комисија погреши кога одби да објави СМС-порака помеѓу Урсула Фон Дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, на врвот на пандемијата Ковид-19, пресуди највисокиот суд на ЕУ.

Новинарите бараа да ги видат тајните пораки меѓу Фон Дер Лајен и директорот на фармацевтска компанија, кои тие ги разменувале пред да се постигне договор за вакцина од повеќе милијарди долари помеѓу Фајзер и ЕУ.

Пресудата би можела да има огромни последици врз транспарентноста и одговорноста во ЕУ и да нанесе голем удар врз угледот на Фон Дер Лајен.

Во соопштението, Општиот суд на ЕУ изјави дека „Комисијата не успеала на убедлив начин да објасни зошто сметала дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцини против Ковид не содржеле важни информации што треба да бидат откриени“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!