ДОАЃА ЈУНИ, ДОАЃА И СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 30 СТЕПЕНИ
30/05/2025 6:16
По подолг период со променливо време, конечно пристигнуваат повисоки температури кои ќе ги израдуваат љубителите на летото. Почнувајќи од недела, 1 јуни, Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со африканско потекло.
Како резултат на тоа, се очекува значително зголемување на температурите, кои ќе се движат меѓу 25 и 33°C, а од средината на следната недела, особено во Повардарието, термометрите би можеле да покажат и до 36°C.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со само минимални шанси за краткотрајни локални врнежи на одредени места.
И во Скопје и неговата околина температурите ќе се зголемат, па така од недела натаму, жештините ќе го надминат прагот од 30°C. Жителите може да очекуваат вистински летна недела.

![Нe излeгyвajтe oд дoмa: Cлeднатa нeдeла можни тeмпepaтури кaкви штo никoгаш cмe нeмaлe toplo-vremeeeee-650x396[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/toplo-vremeeeee-650x3961-1.jpg)




