Гори двокатен автобус на ЈСП на Водно, пожарникарите го гаснат огнот
30/08/2026 11:25
Гори двокатен автобус на ЈСП на видиковецот на Водно, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според информациите со кои располага, скопските пожарникари веќе работат на гаснење на автобусот.
Нема опасност за околната вегетација
Ангелов изјави дека во моментов нема опасност огнот да се прошири кон блиската вегетација.
„Очекувам набргу да биде изгаснат“, рече тој.
Засега нема информации за причините поради кои се запалил автобусот.
Нема ниту податоци дали во моментот на пожарот во возилото имало патници.
Повеќе информации се очекуваат од надлежните служби.
Според првичните информации, гори двокатен автобус на ЈСП, а пожарникарите се на терен и го локализираат огнот.





