MKinformer

your daily dose of news

Трајковски: Белгија е силен противник, но ние сме ептен мотивирани!

30/05/2025 13:35

Македонските фудбалери денеска ги почнаа подготовките за дуелите против Белгија и Казахстан во квалификациите за Светското првенство (СП), а репрезентативецот Александар Трајковски ги сподели своите импресии пред натпреварите.

Трајковски кажа дека фудбалерите се мотивирани пред Белгија, посебно затоа што играат против посилна репрезентација.

„Сега е крај на сезона, меѓутоа овој циклус е важен за нас и мораме да се фокусираме максимално. Играме против Белгија во Скопје и тоа е важен натпревар, а потоа ни следи Казахстан. Тешко е, но по овој репрезентативен циклус може да се одмориме. Сега треба да го дадеме максимумот и да го извлечеме најдоброто од нас. Имаме доволно време да се подготвиме. Имам играно во Белгија, но помина многу време, репрезентацијата е променета. Тие имаат млади играчи и мислам дека ни следи поинаков натпревар. Секогаш постои мотив, на секој натпревар, посебно кога играте против посилна репрезентација“, кажа Трајковски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!