БРИСЕЛ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО за приклучување на Бугарија кон еврозоната
05/06/2025 11:22
Бугарија доби одобрение од Брисел за влез во еврозоната на 1 јануари 2026 година, откако Комисијата и Европската централна банка оценија дека ги исполнила критериумите за конвергенција. Иако инфлацијата сè уште е над просекот на еврозоната, прогнозите покажуваат натамошно намалување.
Според ЕУ, еврото ќе донесе стабилност, повеќе инвестиции и полесна трговија. И покрај долгогодишната поддршка од бугарската влада и централната банка, во земјата избувнаа протести, поттикнати од страв од поскапувања и поддржани од опозициски партии и претседателот Радев.
Од август 2025, цените во продавниците ќе се прикажуваат и во левови и во евра, со цел граѓаните полесно да се прилагодат. Конечната одлука за влезот се очекува до 8 јули, а од 2026 година кусурот ќе се враќа во евра. Властите уверуваат дека поскапувањата ќе бидат минимални и дека ќе се следи пазарот за да се спречи злоупотреба.





