НИШТО ОД РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ИДРИЗИ КОЕ ГО НАЈАВИ СТОИЛКОВИЌ, МИЦКОСКИ МУ ДАДЕ УШТЕ ЕДНА ШАНСА
10/06/2025 16:33
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, во гостување на Канал 5 изјави дека ќе предложи разрешување на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, поради тоа што на едно јавно обраќање не користел македонски јазик.
Меѓутоа, Билал Касами од коалицијата ВРЕДИ смета дека оваа најава од Стоилковиќ е пребрза. Тој нагласи дека именувањата и разрешувањата на функционери треба да се вршат во согласност со коалициските договори и од партиите што ги номинирале кандидатите.
„Предлозите за именување доаѓаат од политичките партии, како дел од коалициските договори. Верувам дека изјавата на Стоилковиќ е избрзана, бидејќи сето функционирање на владата е резултат на заеднички договор меѓу партнерите во коалицијата“, изјави Касами.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, беше дециден дека директорот Идризи ќе биде сменет доколку продолжи да не го користи македонскиот јазик при јавни настапи.
Во друга активност, директорот Идризи на 3 јуни се сретна со координаторите на пратеничките групи за да разговараат околу проблемот со инспекторите кои веќе шест месеци не добиваат плата.






