7.800 денари за возење до Средно Водно од Центар – странски државјанин измамен во Скопје!
16/06/2025 8:23Министерството за внатрешни работи информираше дека во саботата во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари.
„Откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






