MKinformer

your daily dose of news

Се претставил како службеник и му ветил враќање на запленето злато – скопјанец измамен за 28.700 евра

16/07/2026 17:14

Маж од скопско пријавил дека бил измамен за околу 28.700 евра од лице кое лажно се претставило како службеник во државна институција.

Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје.

Според пријавата, измамата се случувала во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година.

Му ветил дека ќе му го врати запленетото злато

Пријавителот го запознал лицето во занаетчиски дуќан во Скопје.

Мажот му кажал дека работи во државна институција и дека преку свои пријатели може да му помогне.

Тој му ветил дека ќе му го врати златниот накит кој претходно му бил запленет.

За наводната услуга, од пријавителот побарал да плати пари.

Му предал околу 28.700 евра

Верувајќи дека ќе го добие накитот назад, пријавителот му ги предал парите.

Подоцна сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот во полиција.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!