(Видео) СКАНДАЛ: Конор Мек Грегор нокаутира човек во ноќен клуб на Ибица
18/06/2025 8:48На видеото кое го објави британскиот таблоид „Сан“ може да се види како Конор удира непознат маж кој во тие моменти држи пијалок во раката. Инцидентот се случува по краток разговор помеѓу двајцата, иако на почетокот не изгледа како расправија.
„Очигледно лицето кажа нешто што налутило Конор и тој така реагираше. Човекот падна, а другарите му помогнаа да стане и да излезе од клубот“, изјавил еден од сведоците на настанот.
Моментот на видеото се случува во 5:53 часот наутро, а претходно во текот на вечерта Ирецот беше во друштво на манекенката Кети Прис, но бил забележан и на други популарни локации на познатиот остров.







