MKinformer

your daily dose of news

Дивац морал итно да биде опериран

20/06/2025 9:49

Кошаркарската легенда, Владе Дивац синоќа доживеа сообраќајна несреќа откако падна со својот мотоцикл, сега стигнуваат нови информации за неговата состојба.

По падот од моторот Дивац не можел да стане, по што веднаш била повикана итна помош и бил префрлен во болница.

Новите информации велат дека Дивац морал итно да биде опериран бидејќи доживеал скршеница на колкот, па му е вграден вештачки колк.

Останува да се види како ќе тече опоравувањето на славниот српски кошаркар.

Дивац е еден од најдобрите кошаркари во историјата на Србија. Кариерата ја почна од Слога од Краљево, па преку Партизан дојде до НБА каде играше за Лејкерс во два нарати, Шарлот и Сакраменто, а за време на локаутот го облече и дресот на Црвена звезда.

error: Содржината е заштитена од копирање !!