MKinformer

your daily dose of news

Шаи Гилџус-Александар втора година по ред најкорисен играч во НБА-лигата

18/05/2026 15:56

Плејмејкерот на Оклахома, Шаи Гилџус-Александар, ја освои наградата за најкорисен играч во НБА-лигата и втора сезона по ред.

Информацијата ја објави инсајдерот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија. Со ова, Шаи влезе во одбрано друштво на играчи кои успеале две години по ред да ја освојат најпрестижната индивидуална награда во НБА.

Ова е 14-ти пат во историјата на лигата еден кошаркар да стане МВП во две последователни сезони.

Гилџус-Александар зад себе има извонредна регуларна сезона. Тој просечно бележеше 31,1 поен по натпревар, со што беше меѓу најдобрите стрелци во лигата.

Покрај тоа, имаше и 4,3 скока и 6,6 асистенции по меч, а од игра шутираше со 55 проценти успешност.

Оклахома сезонава повторно има шампионски амбиции. Тимот ја заврши регуларната сезона со најдобар скор во лигата и важи за еден од главните фаворити за титулата.

Во продолжението од плејофот, Оклахома ќе игра во финалето на Западната конференција против Сан Антонио Спарс.

Наградата за Шаи е уште една потврда за неговата доминација и лидерската улога во тимот што сезонава повторно атакува на врвот во НБА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!