Јокиќ со нов историски трипл-дабл за второ место на вечната листа, падна рекордот на Оскар Робертсон
08/02/2026 12:34
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за историја, забележувајќи нов трипл-дабл во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со резултат 136:120.
Јокиќ го заврши натпреварот со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции, за само 33 минути поминати на теренот. Ова беше негов 182-ри трипл-дабл во НБА кариерата, со што 30-годишниот центар се искачи на второто место на вечната листа во историјата на лигата.
Со овој учинок, Јокиќ го надмина легендарниот Оскар Робертсон, кој долго време го држеше второто место по бројот на остварени тројни ефекти.
На врвот на листата останува Расел Вестбрук, кошаркар на Сакраменто Кингс, со вкупно 207 трипл-дабли во својата НБА кариера.
Јокиќ продолжува да испишува нови страници во кошаркарската историја и уште еднаш ја потврди својата доминација како еден од најкомплетните играчи на сите времиња.






