MKinformer

your daily dose of news

Министерот за надворешни работи на Иран оптатува за Москва на средба со Путин

22/06/2025 13:34

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, најави дека денеска ќе отпатува за Москва каде утре ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа изјава Арагчи ја даде на маргините на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, реагирајќи на синоќешниот американски напад врз иранските нуклеарни објекти. Тој остро ги обвини САД и Израел дека ја преминале „најголемата и најопасна црвена линија“.

„Нема црвена линија што не ја преминаа. Но, синоќа ја преминаа најголемата – со напад врз нашите нуклеарни објекти“, изјави Арагчи.

Тој додаде дека Иран ќе се брани со сите можни и неопходни средства и предупреди дека оваа акција е директен удар врз можноста за какво било дипломатско решение.

„Со оваа одлука, САД и Израел практично ја уништија секоја шанса за дипломатија“, нагласи иранскиот дипломат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!