MKinformer

your daily dose of news

Од ден во ден се зголемува бројот на пожари, ДЗС се координира со опремата со која располага

30/06/2025 18:28

Со зголемувањето на температурите, сè почесто се пријавуваат пожари на отворен простор. Центарот за управување со кризи (ЦУК) добива сè повеќе повици на бројот 112. Горела сува трева на повеќе локации: кај булевар Босна и Херцеговина, во Долно Лисиче (место Чаталот), во населба Драчево на улица Малешевска, како и кај село Ерџилија во Свети Николе – каде пожарот е веќе изгаснат.

Најсериозен е пожарот кај село Бебиште, кој веќе два дена се шири кон село Градешница и границата со Грција. Пожарот е на непристапен терен, а ситуацијата е опасна затоа што има и муниција која пука, како и можни неоткопани гранати во околината.

Во Визбегово гореше дива депонија. Пожарот е ставен под контрола, но внатре сè уште тлее.

Поради жешкото време, се очекува зголемен ризик од нови пожари. Метеоролозите најавуваат сончево и многу топло време со температури до 40°C во петок и за време на викендот.

Во однос на воздушната поддршка, моментално е активен само еден од трите авиони за гаснење пожари, додека другите два се на сервис. Министерството за внатрешни работи воведе забрана за движење во шумите, која ќе важи од утре до крајот на август.

error: Содржината е заштитена од копирање !!