MKinformer

your daily dose of news

Делови од Гази Баба, Кисела Вода и Инџиково денес без струја

02/07/2025 8:56

Како што информираат службите од ЕВН и Региноалниот центар за управување со кризи, овие делови од Скопје денес ќе имаат прекин во електродистрибуцијата.

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:30 до 09:30 часот ќе останат корисниците од с. Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари во Општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без струја од 08:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска во Општина Кисела Вода, а од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски и дел од ул. 22 во нас. Инџиково.

error: Содржината е заштитена од копирање !!