Делови од Чаир, Маџари и Хиподром денеска без вода, во Трубарево намален притисок
01/10/2026 8:03
Делови од Чаир, Маџари и Хиподром без вода ќе останат денеска поради дефект и интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Прекините ќе започнат во утринските часови и ќе траат до завршување на санацијата и работите на терен.
Прекин во Чаир поради дефект на Цветан Димов
Поради уличен дефект на цевка Ф-150 мм на улицата Цветан Димов бб, кај Хатунџук џамија, без вода ќе останат повеќе улици во Чаир.
Прекинот ќе ги опфати корисниците од улиците Фан Ноли, Чаирска, Јајце, Челопек, Аврам Писевски, Зеф Љуш Марку, Бајрам Шабани и улица 157.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Без вода и во делови од Маџари и Хиподром
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат и за интервенции во населбите Хиподром и Маџари.
Поради изведување приклучок Ф-150 мм на улицата 1657/7 во Хиподром и стопирање на мрежа Ф-100 мм на улицата Благоја Стефковски бб, кај последната автобуска постојка на линијата 50, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе останат дел од Маџари и новата населба Хиподром.
Во Трубарево, пак, ќе има намален притисок.
Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Делови од Чаир, Маџари и Хиподром без вода ќе останат денеска, додека во Трубарево се очекува намален притисок.

