MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико

17/07/2026 19:34

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико

Следуваа неколку силни афтершокови

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Мексико, во близина на границата со Гватемала. По главниот потрес беа регистрирани и повеќе афтершокови, меѓу кои и со магнитуда од 6,0 и 5,3 степени.

Надлежните служби веднаш започнаа проценка на состојбата, а во делови од пацифичкиот брег беше издадено предупредување за можни помали цунами-бранови. Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета.

Видеа покажуваат како се нишаат зградите

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледа како високите згради силно се нишаат под ударот на земјотресот, предизвикувајќи паника кај граѓаните. Во повеќе градови луѓето ги напуштиле домовите и деловните објекти како превентивна мерка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!