MKinformer

your daily dose of news

СЛОВЕНИЈА ОДИ НА РЕФЕРЕНДУМ: Го напуштаме НАТО или остануваме и ја плаќаме членарината

04/07/2025 23:06

По денешниот пораз на парламентарното гласање за иницијативата за консултативен референдум за зголемување на трошоците за одбрана, словенечката владејачка партија Движење за слобода најави дека ќе поднесе иницијатива за референдум за членството на земјата во НАТО, јавува агенцијата STA.

„Ова е прашање за кое граѓаните навистина треба да се изјаснат“, соопшти партијата, додавајќи дека формалниот предлог ќе биде поднесен следната недела.

Премиерот Роберт Голоб, преку објава на официјалниот владин профил на мрежата X, изјави:

„Постојат само две опции – или остануваме членка на НАТО и ги плаќаме обврските, или излегуваме. Сè друго е популистичко залажување на граѓаните.“

Изјавата на Голоб доаѓа по тоа што Народното собрание го прифати предлогот на Левицата, помал партнер во коалицијата, за одржување консултативен референдум за одбранбените трошоци.

Ова предизвика поделба во коалицијата – Движењето за слобода гласаше против, додека помалите коалициски партнери се здружија со конзервативната опозиција, вклучувајќи ги СДС, НСи и СД, и го поддржаа гласањето.

Голоб го нарече референдумот за трошоците за одбрана „бесмислен“ и оцени дека референдумот за НАТО ќе ја отстрани секоја нејаснотија во однос на вистинската волја на граѓаните на Словенија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!