MKinformer

your daily dose of news

Голоб: Европа конечно го покажа „`рбетот“, НАТО опасно блиску до криза

23/01/2026 8:45

Словенечкиот премиер Роберт Голоб ги повика европските лидери на единство и солидарност, оценувајќи дека Европа се наоѓа пред нов светски поредок, кој се оддалечува од правилата и нормите што важеле со децении.

Во интервју за CNN, Голоб изрази разбирање за фрустрациите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ја разбирам фрустрацијата што ја изразува претседателот Зеленски доста добро. Ја знам нејзината основна причина и тоа не е ништо ново“, истакна Голоб.

Тој позитивно го оцени и неодамнешниот одговор на Европската Унија на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави можност за зголемување на царините за НАТО-сојузниците и дури анексија на Гренланд од Данска.

„Европа е силна само кога е обединета. Во последната недела, Европа конечно го покажа својот „`рбет““, нагласи словенечкиот премиер.

Голоб ја поддржа одлуката на НАТО да издржи политички и економски притисоци, додавајќи дека заедно со британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ја одбиле поканата на Трамп за учество во новоформираниот Мировен совет.

Во врска со идејата на Трамп за создавање паралелен механизам со Обединетите нации, Голоб беше јасен:

„Не може да постои никаков механизам што би бил паралелен со Обединетите нации.“

Зборувајќи за иднината на НАТО, словенечкиот премиер предупреди дека, иако линијата за распад на Алијансата сè уште не е премината, последните случувања ја довеле организацијата „опасно блиску“ до такво сценарио.

Сепак, Голоб останува оптимист:

„Сè уште имаме време да седнеме, да разговараме искрено и отворено, а потоа да најдеме заеднички пат напред.“

error: Содржината е заштитена од копирање !!