Орце Ѓорѓиевски добива апсолутна поддршка и станува кандидат за Градоначалник на Скопје!?
06/07/2025 11:02
Во коментар на неофицијални информации e дека денес на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе ја добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје.
Според блиски извори во партијата, Орце ужива голема доверба кај сите по одличниот мандат и сработеното во Општина Кисела Вода.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани се, како што вели, на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.






