MKinformer

your daily dose of news

Софија Куновска ќе ,,трча” во Центар како независен кандидат?

30/05/2025 11:11

Кој ќе биде следниот градоначалник на општина Центар?

Засега, својата кандидатура за втор мандат ја потврди актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

Тој во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат.

– Изминатите три и пол години јас и мојот тим од општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат, порача Герасимовски.

Кандидатот за претстојните есенски локални избори од редовите на ВМРО ДПМНЕ сè уште не е познат.

Она што проструи во јавноста е дека можен кандидат за оваа функција ќе биде и поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ Софија Куновска, но како независен кандидат.

– Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но сè уште не сум ја донела конечната одлука. Сметам дека треба објективно да се гледа на работите, да се направат истражувања, затоа што се наоѓате во еден меур од ваши симпатизери, пријатели, поддржувачи, но веројатно има и една друга страна која треба со време да ја дознаете, а не на избори, порача таа во телевизиско гостување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!