MKinformer

your daily dose of news

ДЕН НА ДРЖАВНОСТА ВО ЦРНА ГОРА

13/07/2025 10:14

Црна Гора денес го одбележува Денот на државноста, во спомен на два значајни историски настана: на 13 јули 1878 година, кога земјата беше меѓународно призната како независна на Берлинскиот конгрес, и на истиот ден во 1941 година, кога започна антифашистичкото востание.

Претседателот Јаков Милатовиќ на свечената церемонија во резиденцијата на Цетиње изјави дека 13 јули претставува симбол на државноста и потсетник дека пред неправдата и темните идеологии не треба да се отстапува.

– Овој датум е впишан со златни букви во историјата на Црна Гора, во две различни епохи, како ден што ги отсликува највисоките вредности – слобода, чест и достоинство, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека „од пламенот на 13 јули се роди светлината на слободата што и денес го осветлува патот на државата“, нагласувајќи ја потребата од правично општество каде владее правото, институциите се силни, а трудот и знаењето се вреднувани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!