MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)ВО ЦЕТИЊЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН СО БОМБА УБИЕН ЧЛЕН НА ШКАЉАРСКИ КЛАН

20/06/2024 11:58

Две лица загинаа, а три лица се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, во близина на Спортскиот центар, јавуваат црногорските медиуми.

Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен и дека истрагата е во тек, известуваат одРадио Телевизија Цетиње. Според неофицијални информации, на самото место е убиен П.К., член на криминалниот Шкаљарски клан, додека уште едно лице потоа им подлегнало на повредите.

„Антена М“ јавува дека три лица се повредени и се пренесени во болницата во Цетиње, меѓу кои и една постара жена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!