ПРИВЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ВО КАРПОШ, ПАЛЕЛ КАБЛИ
13/07/2025 10:40
Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено под сомнение дека извршило кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил по полноќ во скопската општина Карпош, во кругот на една фирма на улицата „Скупи“, каде полицијата го затекнала малолетникот како пали оган и гори електрични кабли.
Пожарот бил навреме локализиран од страна на Противпожарната бригада, а според првичните информации, не е причинета значителна материјална штета. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговата маќеа и адвокат.
МВР информира дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.





