УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СОБОРИЈА 40 ДРОНОВИ ВО ВЧЕРАШНИОТ РУСКИ НАПАД
13/07/2025 12:04
Украинските сили за противвоздушна одбрана успешно собориле 40 од вкупно 60 беспилотни летала кои руската армија ги употребила за напад на Украина во текот на ноќта меѓу 12 и 13 јули, информираа Воздухопловните сили на Украина.
Според агенцијата „Укринформ“, нападот бил изведен од правец на руските градови Курск и Милерово, при што биле користени јуришни дронови од типот „Шахед“, како и различни беспилотни летала-имитатори.
Главна цел на нападите биле територии блиску до линијата на фронтот, особено во регионите Доњецк, Суми и Дњепропетровск.





