MKinformer

your daily dose of news

ВО АЛБАНИЈА УАПСЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН БАРАН ВО АВСТРИЈА ЗА ПОВЕЌЕ ДЕЛА

13/07/2025 17:23

Во рамки на акцијата „Операција 54“, албанската полиција уапси македонски државјанин кој се барал со меѓународна потерница од австриските власти за сериозни кривични дела. Приведениот е М.А. (41) од Скопје, за кого Јавното обвинителство во Инсбрук, Австрија, издало потерница поради инкриминации за „трговија со дрога“, „опасна закана“, „тешка изнуда“ и „повреда“, за што австрискиот закон предвидува казна затвор до 20 години.

М.А. бил пронајден и уапсен од страна на специјалните полициски сили, а при неговото апсење била пронајдена и запленета количина марихуана, која ќе биде искористена како доказ во тековната истрага. Интерпол Тирана ги продолжува процедурите за негова екстрадиција во соработка со австриските власти.

Исто така, на 6 јули на граничниот премин „Ќафасан“ беше приведен уште еден македонски државјанин, А.А. (34) од Кичево, кој се бараше од Интерпол Берн/Швајцарија. Тој бил осуден на 20 години затвор поради учество во меѓународна трговија со дрога.

error: Содржината е заштитена од копирање !!