MKinformer

your daily dose of news

МВР дел од глобална акција против онлајн измами

10/07/2026 19:35

МВР дел од меѓународна операција против онлајн измами и перење пари

Во акцијата на Интерпол учествувале 97 држави и територии

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествувало во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026, насочена кон сузбивање на онлајн измами и перење пари.

Од МВР информираат дека операцијата, координирана од Интерпол, се реализирала во периодот од 15 јануари до 30 април 2026 година, со учество на надлежни институции од 97 држави и територии.

Цел биле измамите преку социјален инженеринг

Операцијата била насочена кон откривање и спречување на измами кои се извршуваат со методот на социјален инженеринг, при што сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и компаниите за да стекнат пари или чувствителни информации.

Во оваа категорија спаѓаат:

  • измами преку компромитирана службена електронска пошта (Business E-mail Compromise),
  • инвестициски измами,
  • романтични измами,
  • лажно претставување,
  • сексуална уцена (sextortion),
  • други форми на интернет измами.

Над 5.800 уапсени и блокирани милиони долари

Според податоците од Интерпол, операцијата дала значајни резултати на глобално ниво.

Меѓу нив се:

  • 5.811 уапсени лица,
  • повеќе од 142.000 идентификувани жртви,
  • 152.808 анализирани случаи,
  • 23.715 решени случаи,
  • 15.606 идентификувани осомничени,
  • 31.014 блокирани банкарски сметки,
  • речиси 293 милиони американски долари пресретнати незаконски стекнати средства,
  • 99 известувања и дифузии преку Интерпол.

Во рамките на операцијата биле спроведени и претреси, размена на разузнавачки информации, замрзнување банкарски сметки и виртуелни паричници, како и активности за брзо запирање на незаконски финансиски трансакции.

МВР: Продолжува соработката со Интерпол

Од Министерството за внатрешни работи оценуваат дека учеството во операцијата ја потврдува важноста на меѓународната полициска соработка во борбата против киберкриминалот, финансискиот криминал и транснационалните криминални групи.

Воедно најавуваат дека ќе продолжат активно да соработуваат со Интерпол и со меѓународните партнери во откривањето и спречувањето на онлајн измамите и заштитата на граѓаните од сè пософистицираните облици на дигитален криминал.

error: Содржината е заштитена од копирање !!