ПОРАЗИТЕЛНА ЕУ СТАТИСТИКА: Двојно повеќе семејства со миленици отколку со деца
16/07/2025 9:42
Сѐ повеќе семејства во Европската Унија избираат да чуваат домашни миленичиња, наместо да имаат деца, покажуваат податоците на Евростат за 2024 година. Од вкупно околу 202 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,6 милиони (23,6%) имаат деца, додека дури 76,4% се без потомство.
Во исто време, околу 91 милион домаќинства (46%) чуваат барем едно домашно милениче.
Највисоки проценти на семејства со деца се регистрирани во Словачка (35,6%), Ирска (31%) и Кипар (28,6%), додека најниски стапки имаат Финска (18%), Литванија (19,6%) и Германија (20,1%).
Кај семејствата со деца, речиси половината (49,8%) имаат само едно дете, 37,6% имаат две, а само 12,6% три или повеќе деца. Единствено во Холандија, домаќинствата со две деца се почести од оние со едно дете.
Најмногу семејства со три или повеќе деца има во Ирска (20,6%), потоа во Шведска (18,1%) и Финска (17,4%).
Според податоците, Европјаните во своите домови чуваат околу 340 милиони домашни миленичиња, од кои 127 милиони се мачки, 104 милиони кучиња, 53 милиони птици, 29 милиони мали цицачи, 22 милиони риби и 11 милиони животни во терариуми.
Федерацијата на европската индустрија за храна за домашни миленичиња (FEDIAF) проценува дека европските граѓани годишно трошат околу 30 милијарди евра за храна за миленици и дополнителни 24,5 милијарди евра за други производи и услуги поврзани со нивната грижа.





![Македонија трета во Европа по стапка на фемицид во 2023 korona-samoubistvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/korona-samoubistvo1.jpg)
