MKinformer

your daily dose of news

НАПОЛИ КОНЕЧНО ГО ПРОДАДЕ ОСИМЕН И СЕ ОСИГУРА ДА НЕ ИГРА ВО СЕРИЈА А

19/07/2025 7:48

По долготрајни и интензивни преговори, трансферот на Виктор Осимен конечно добива завршница.

Според бројни извори, договорот меѓу клубовите е постигнат и изнесува 75 милиони евра. Од таа сума, 40 милиони ќе бидат исплатени веднаш, додека останатите 35 милиони евра ќе се исплаќаат постепено, најдоцна до крајот на 2026 година.

Особено интересен е делот од договорот кој на Наполи му обезбедува заштита од тоа Осимен во иднина да заврши кај некој од нивните конкуренти во Серија А.

Имено, Галатасарај нема право да го препродаде напаѓачот на клуб од Италија во наредните две години. Доколку сепак го направи тоа, ќе биде обврзан да плати казна во висина на целосната трансфер-сума – 75 милиони евра.

error: Содржината е заштитена од копирање !!