MKinformer

your daily dose of news

Поради оддржување велосипедска трка, затворен за сообраќај регионалниот пат Куманово – Пелинце

21/07/2025 9:41

Денеска, во временски период од 10:00 до 15.00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Куманово граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!