MKinformer

your daily dose of news

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, внимателно по влажни коловози и можни одрони

19/01/2026 10:16

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони.

Како критични се посочуваат патните правци:

  • Катланово – Велес

  • Маврово – Дебар – Струга

  • Виница – Берово

  • Кочани – Делчево

Истовремено, потсетуваат дека сè уште е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Надлежните служби ја следат состојбата на патиштата и апелираат на зголемена внимателност со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!