Состојба со гужвите на патиштата и границите
23/07/2025 8:37
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Во периодот од 08:00 – 17:00 часот денеска поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во с.Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин. Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за утре 24 јули.



