MKinformer

your daily dose of news

Градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени заработија кривични пријави

24/07/2025 9:32

Според информации од Министерството за внатрешни работи, против три лица од Општина Крива Паланка е поднесена кривична пријава поради незаконити постапки поврзани со издавање решение за промена на инвеститор.

Првопријавениот К.П., вработен во општината, изготвил решение за промена на инвеститор спротивно на Законот за градење и надвор од рамките на своите службени обврски, иако одобрението за градење на инвеститорот било веќе со истечен рок.

Второпријавената М.К., раководителка на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, не извршила соодветен надзор и контрола врз донесеното решение. Наместо тоа, со свој потпис го потврдила како важечко, со што му овозможила на лицето Г.С. од Крива Паланка да продолжи со изградба на куќа со деловен простор без валидно одобрение за градење.

Третопријавениот, кој во тоа време ја вршел функцијата градоначалник на општината, исто така не спровел контрола врз решението и го одобрил документот со свој потпис или факсимил и со печат на општината, потврдувајќи го како валиден документ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!