MKinformer

your daily dose of news

Средба Муцунски – Фидан во Истанбул: Потврда на пријателството и стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

26/07/2025 18:55

На маргините на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со својот турски колега, Хакан Фидан.

Разговорите беа фокусирани на унапредување на политичките односи, јакнење на економската соработка, како и на интензивирање на инвестициите помеѓу двете земји. Дополнително, двајцата министри разгледаа можности за проширување на соработката во други области од заемен интерес.

Муцунски и Фидан ја потврдија силната пријателска врска меѓу Северна Македонија и Турција, со нагласок на тесната соработка во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во мултилатералните организации.

Во текот на средбата биле дискутирани и актуелни регионални и геополитички прашања, при што било истакнато дека стабилен и просперитетен Балкан е од заеднички интерес за двете држави.

Состанокот се одржа во рамките на иницијативата за Балканска платформа за мир, покрената од турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

error: Содржината е заштитена од копирање !!