MKinformer

your daily dose of news

Министерот Муцунски се сретна со финскиот колега Јоаким Странд: Акцент на ЕУ интеграциите и билатералната соработка

02/10/2025 15:19

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на Северна Македонија.

Разговорите беа насочени кон актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес на Северна Македонија. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата посветеност на земјата за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди.

Тој истакна дека Северна Македонија останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка.

Министерот Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска.

Двајцата министри разговараа и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.

Посетата на министерот Странд ја потврдува силната партнерска врска меѓу Северна Македонија и Финска, како и заедничката посветеност на европските вредности и цели.

error: Содржината е заштитена од копирање !!