MKinformer

your daily dose of news

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфликт со Западот до 2027 година

27/07/2025 11:01

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека, според проценките на НАТО и Соединетите Американски Држави, Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за отворен конфликт со Западот до 2027 година.

Туск информираше дека добил потврда за овие проценки на неодамнешната средба со Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Алексус Гринкевич.

„Ова не значи дека војна е неизбежна, но и Вашингтон и генерал Гринкевич се уверени дека до 2027 година, нашите главни противници, особено Русија, ќе имаат капацитет за директна конфронтација“, изјави Туск за време на средба со граѓани во градот Пабјанице во централна Полска, пренесува Полското радио.

Повик за подготвеност и вложување во одбраната

Премиерот ги повика граѓаните на зголемена будност и подготвеност, нагласувајќи дека Полска и Европа, а посебно Полска, мора да се подготват за различни сценарија во наредните две години.

„Најсериозните закани се поврзани со граничните тензии, надворешните влијанија и обидите за внатрешна дестабилизација“, истакна Туск.

Тој најави големи инвестиции во националната одбрана и полската воена индустрија, со цел зајакнување на безбедноста и одвраќање од потенцијални закани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!