MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Стефан од Куманово го започна пешадискиот марш до Крушево за Илинден!!

28/07/2025 10:54

 

Стефан Петровски од Куманово денеска го започна своето патување во рамки на Илинденскиот пешадиски марш до Крушево, организиран од здружението „Аманет – Македонец за Македонец“ од Скопје.

Маршот се одржува во чест на големиот македонски празник Илинден, а Петровски заедно со Дејан Гавровски од Скопје ќе поминат околу 150 километри пеш до Мечкин Камен, каде што на 2 август ќе положат цвеќе во знак на почит.

Денеска двајцата учесници добија благослов во црквата „Свети Спас“ во скопската населба Маџари, од каде официјално тргна нивниот марш кон Крушево.

– Планирано е дневно да минуваме по 30 до 40 километри, а во Крушево треба да пристигнеме на 1 август приквечерина, изјави Петровски.

Извор: kumanovskimuabet

error: Содржината е заштитена од копирање !!