MKinformer

your daily dose of news

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: До 15ти септември сите службени возила ќе имаат посебни регистарски таблички

29/07/2025 17:50

Владата на својата 97-та седница донесе одлука сите државни институции да ги заменат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година.

Според соопштението, оваа мерка претставува дел од реализацијата на владините ветувања кон граѓаните и има за цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои се практикувале во минатото.

„Владата продолжува со конкретни мерки и политики за потврдување на вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите,“ се наведува во официјалното соопштение.

error: Содржината е заштитена од копирање !!