MKinformer

your daily dose of news

Притвор за српски државјанин кој кај Гевгелија возел со лажни италијански таблички

29/07/2025 9:14

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за фалсификување исправа.

Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.

Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.

error: Содржината е заштитена од копирање !!