MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа на улица „Јустилијан Први“ во Кисела Вода

29/07/2025 12:24

Револирани жители на улица „Јустилијан Први“ во Кисела Вода, објавија СЛИКИ И ВИДЕА од тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера 28-07-2025 г, во 18:00 часот, пред нивните куќи.
Сликите и видеата ги објавија на Фејсбук страната „ЅИД НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА“ и во објавата упатија барање до Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш да превземе мерки за улицата.

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?!
Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар!
Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна е уништено од нашите сонародници, во 3 часот ноќе со копач ги корнат и со камиони кочат на нив да ги одкорнат, а институциите молчат. Нивната незаинтересираност е директна закана за животите на жителите!
Доста е со празни ветувања и молк! Бараме ИТНИ мерки поставување на лежечки полицајци. Не утре, не, кога ќе има средства, туку сега пред да има мртви!
Ако општината и надлежните органи продолжат да си ги затвораат очите, секоја идна несреќа и секоја изгубена жртва ќе биде нивна одговорност нивно злосторство со премолчена дозвола!
Градоначалниче Орце Ѓорѓиевски, те повикуваме да реагираш!
Жителите на оваа улица очекуваат од тебе итно да се постават лежечки полицајци.
Време е безбедноста на граѓаните да биде на прво место пред да дојде до трагедија!
Објавата може да ја видите  ТУКА
error: Содржината е заштитена од копирање !!