Путин потврди дека руските трупи го зазеле Часов Јар, Украина негира
02/08/2025 7:57
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските вооружени сили ја презеле целосната контрола врз Часов Јар во регионот Донецк, источна Украина.
„Неодамна слушнавме дека е заземена нова населба – Часов Јар, тоа е прилично голема населба. Можам да ве уверам дека ова целосно одговара на реалноста“, рече Путин пред новинарите, додавајќи дека иако руското Министерство за одбрана го објави заземањето во четврток, градот бил ослободен пред неколку дена.
Изјавата доаѓа за време на неформалниот состанок на Путин со белорускиот претседател Александар Лукашенко на островот Валаам во Карелија, Русија.
Од украинска страна пристигна демант. Портпаролот на групата сили „Хортица“, Виктор Трегубов, изјави дека:
„Ситуацијата во Часов Јар останува иста како последните месеци. Русија едноставно повторно лаже за да создаде впечаток на успех“.
Рускиот министер за одбрана претходно соопшти дека градот бил заземен за време на офанзивата во правец на Краматорск и Дружковка. Часов Јар, кој се наоѓа западно од веќе окупираниот Бахмут, е под руска опсада од април 2024 година и е значително уништен од борбите.




![Лукашенко co jacнa и глacнa пopaкa - Aкo вo Белорусија нeштo „eкcплoдиpa“ ќe зaпoчнe cвeтcкa вojнa lukasenko[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/lukasenko1.jpeg)