MKinformer

your daily dose of news

ЖАЛНА ВЕСТ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ

03/08/2025 21:19

Македонија изгуби успешен бизнисмен и страстен љубител на мотоспортот. Душко Чифлиганец, генерален менаџер на групацијата „Адора“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, трагично го загуби животот по несреќа на мото трка во Брно, Чешка.

Според информациите, несреќата се случила вчера кога Чифлиганец загубил контрола врз својот моторbike, што довело до тежок пад на патеката. Иако бил веднаш пренесен во болница, лекарите не успеале да го спасат.

Душко Чифлиганец (43) беше познат  како македонски бизнисмен, успешен менаџер и добитник на повеќе престижни награди за својата работа и страст кон мотоциклизмот. На 1 јули оваа година ја освои наградата „Big See“ за колаборација на апартхотелот на Златибор. Пред шест години беше прогласен за најдобар млад менаџер и гостуваше во емисијата „Урбан Таг“ на ТВ21.

Чифлиганец долги години живееше во Дубаи, каде што успешно го водеше своето семејно бизнис наследство и остана препознатлив по љубовта кон мотори и автомобили.

error: Содржината е заштитена од копирање !!