MKinformer

your daily dose of news

Трагична сообраќајка во Робово, загина жена

09/07/2026 16:26

Жена почина по судир на автомобил и камион во Струмичко

Возачката од Робово им подлегна на повредите во скопската клиника

Четириесет и двегодишна жена го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случи во струмичкото село Робово, кога автомобилот што го управувала се судрил со товарно возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 13:50 часот.

„На 08.07.2026 во 13:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека во село Робово, струмичко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘опел астра’ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р.(42) од село Робово и товарно возило ‘ман’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(32) од Скопје“, соопшти МВР.

Им подлегна на тешките повреди

По несреќата, повредената возачка била итно пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што, и покрај напорите на лекарите, им подлегнала на здобиените повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица, а се преземаат активности за целосно утврдување на причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!