MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Драма во Ски центар: Од заглавен ранец почина на жичарата

02/02/2026 14:42

Австралиска сноубордерка трагично го загуби животот за време на престој во Јапонија, по несреќа што се случила на жичара во ски-центарот Tsugaike Mountain Resort, во познатата долина Хакуба.

Несреќата се случила во петокот, кога ранецот на 22-годишната туристка се заглавил во скијачката жичара, поради што таа останала да виси во воздух. Според информациите објавени од CNN, инцидентот се случил при симнување од жичарата.

Јапонската полиција соопшти дека младата жена доживеала срцев застој и итно била пренесена во болница, каде што подоцна им подлегнала на повредите. Операторот на жичарата информира дека ременот од ранецот, кој бил прицврстен околу нејзината половина, се заплеткал за седиштето. Бидејќи ранецот бил целосно закопчан, не се одвоил од телото при симнувањето.

Вработените во ски-центарот веднаш ја запреле жичарата и ѝ укажале прва помош, но и покрај брзата интервенција, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. Компанијата што управува со жичарата изрази длабоко сочувство до семејството на настраданата и најави дополнително зајакнување на безбедносните протоколи.

Australian Department of Foreign Affairs and Trade ја потврди смртта на својата државјанка во Јапонија и соопшти дека на семејството му се обезбедува целосна конзуларна помош.

Јапонија важи за една од најпопуларните светски дестинации за зимски спортови, особено меѓу странските туристи, а долината Хакуба секоја година привлекува илјадници скијачи и сноубордери од целиот свет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!