MKinformer

your daily dose of news

Полицијата ги фати на дело: Малолетници послужени со алкохол на шанк во авто кампот „Градиште“

04/08/2025 14:36

Вчера во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште“, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнаа вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол.

По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!