Временска прогноза за Македонија: Нестабилно со дожд и грмежи, можно невреме
05/08/2025 7:44
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални поројни дождови и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси во форма на невреме, придружено со обилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
🌡️ Температури:
-
Минимална: 12 – 19°C
-
Максимална: 24 – 29°C
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а делови од котлината ќе бидат зафатени од нестабилности со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
-
Минимална температура: 16°C
-
Максимална температура: 27°C



